
House of Trucking
Дизајн и изработка на сајт за фирма од Чикаго што ја води администрацијата на американски превозници, со страница за секоја од деветте услуги.
Нов сајт за сметководствено биро што работи од 1993, на македонски и англиски. Брз на телефон, со јасно објаснети услуги и барање понуда од секоја страница.

Илинден е сметководствено биро од 1993 година, со тим од сметководители и овластени економски вештаци. Требаше сајт што јасно ги објаснува двете дејности, сметководството и вештачењето, и од кој фирмите лесно бараат понуда. Сајтот требаше да има и англиска верзија.
Сајтот го дизајнирав во Figma, а потоа го изработив во WordPress со Elementor. Логото го прецртав во SVG, во пет верзии за различни позадини, а за текстот го избрав фонтот Montserrat, бидејќи има целосна кирилица.
Во Lighthouse почетната страница има 98 за брзина на телефон и 100 на десктоп. Сите страници имаат 100 за SEO, пристапност и добри практики, а брзината на телефон им е 95–98. Главната слика на телефон се појавува за помалку од 3 секунди. И англиските страници се 94–99 на телефон.







Раскажете ми што Ви треба. Разговор од 30 минути, по телефон или видео, а одговарам во рок од 24 часа.