Приватност

Политика за приватност

Кратко и јасно: што се зачувува кога пишувате на сајтот, зошто и колку долго.

Последна измена: 7 ноември 2026

Кој ги обработува податоците

Податоците ги обработува Viktor Vasilev, [адреса], е-пошта vikvasdesign@gmail.com. Јас одлучувам зошто и како се обработуваат и сум одговорен за нив.

Кои податоци се зачувуваат

  • Пораките што ги пишувате во разговорот со асистентот.
  • Податоците што ги оставате во формата за контакт, во разговорот или на страницата Контакт: име, бизнис, телефон или е-пошта. Контакт податоците се зачувуваат само ако го штиклирате полето за согласност.
  • Терминот што го закажувате за повик и податоците што ги внесувате при закажување.
  • Технички податоци, како IP адреса и прелистувач, за безбедност и за спречување злоупотреба.

Ве молиме не пишувајте податоци за здравјето, ниту податоци за Ваши пациенти или клиенти.

Зошто ги користам

  • За да Ви одговорам и да Ви подготвам понуда.
  • За да закажеме и одржиме повик.
  • За да го подобрам асистентот, со преглед на разговорите.
  • За безбедност на сајтот и спречување злоупотреба.

Правна основа

Контакт податоците ги обработувам врз основа на Вашата согласност и на Ваше барање пред евентуален договор. Техничките податоци ги обработувам заради легитимен интерес за безбедност на сајтот. Согласноста можете да ја повлечете во секое време.

Колку долго се чуваат

  • Разговори без оставен контакт: до 6 месеци.
  • Контакти и разговори со оставен контакт: до 12 месеци.
  • Потоа се бришат, освен ако меѓу нас има договор што бара подолго чување.

Кој друг ги обработува

Користам надворешни услуги што ги обработуваат податоците во мое име:

  • Webflow, за сајтот.
  • Cloudflare, за серверот на асистентот.
  • Даваторот на AI моделот, за одговорите на асистентот.
  • Cal.com, за закажување повици.
  • Google, за табелата со барања.
  • Telegram, за известувањата што ми стигнуваат.
  • Umami, за броење посети, без колачиња.

Пренос надвор од Македонија

Некои од овие услуги ги чуваат податоците во Европската Унија или во САД. Преносот се врши со соодветни заштитни мерки предвидени со закон.

Вашите права

  • Да побарате пристап до Вашите податоци.
  • Да побарате исправка или бришење.
  • Да ја повлечете согласноста.
  • Да поднесете приговор на обработката.
  • Да поднесете претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци.

За кое било од овие барања пишете ми на vikvasdesign@gmail.com. Ќе Ви одговорам во законскиот рок.

Колачиња

Сајтот не користи колачиња за следење или реклами. Посетите ги бројам со Umami, без колачиња и без да Ве препознава лично. Гледам само збирни бројки: колку луѓе ги отвораат страниците, од каде доаѓаат и колку барања стигнуваат.