Декоративна мрежа за светла позадина.
Проекти/
House of Trucking
Сајт
Дизајн
2025

House of Trucking

Дизајн и изработка на сајт за фирма од Чикаго што ја води администрацијата на американски превозници, со страница за секоја од деветте услуги.

House of Trucking

Приказната

01Што требаше

House of Trucking е фирма од Чикаго, основана 2022 година, што на американските превозници им ја води административната работа: диспечинг, наоѓање возачи, усогласеност со правилата на DOT, сметководство и одржување на возилата. Требаше сајт што јасно ги објаснува сите девет услуги и ги води превозниците кон контакт. Подоцна требаше сајтот да го разбираат и Google и AI алатките како ChatGPT и Gemini. Но сајтот не се појавуваше на Google, ни по сите проверки и поправки од моја страна.

02Што направив

Сајтот го дизајнирав и го изработив во WordPress со Elementor.

  • Почетна страница и посебна страница за секоја од деветте услуги, од диспечинг и наоѓање возачи до NEMT диспечинг и вработување кадар.
  • Страница за тимот, каде одделите се претставени како делови од камион: волан, мотор, гуми и останатите.
  • Кариера со посебна страница за секој оглас, блог и контакт со форма.
  • Копче „Partner with us“ на секоја страница, што води директно до контакт.
  • SEO за Google и AI пребарување: структурирани податоци (JSON-LD) за фирмата, за секоја услуга и за честите прашања, бројките од почетната и графиконот со цени читливи и за ботовите, и поправени линкови на картичките за услуги.
  • За сајтот да се појави на Google, предложив да се префрли на Cloudflare.
03Што постигнав

Откако сајтот се префрли на Cloudflare, Google веднаш го индексираше и сајтот почна да се појавува во пребарувањето.

05Алатки
WordPress
Elementor

Следен проект

Сите проекти
Декоративна мрежа за темна позадина.
Виктор Василев

Имате сличен проект?

Раскажете ми што Ви треба. Разговор од 30 минути, по телефон или видео, а одговарам во рок од 24 часа.