
Roadsoft
Webflow развој за холандски софтвер за тахографи: три нови јазици, нови страници за реклами и Academy, и поправка на индексирањето на блогот.
Македонска платформа за долги текстови, каде што пишуваат само експерти избрани од уредништвото. Ја започнав сам, денес ја градиме тројца.

Македонскиот интернет е полен со вести, но речиси нема место за подолг текст од човек што навистина ја познава темата. Порталите живеат од кликови, па добиваме кратки текстови, кликбејт наслови и реклами меѓу секој пасус. Експертите имаат што да кажат, но немаат каде да објавуваат и да изградат име пред публика.
Верзија ја започнав сам: идејата, брендот, дизајнот и првиот код. Денес ја развиваме тим од тројца. Пишуваат само експерти што ги избира уредништвото, а секој текст поминува уредничка проверка пред да се објави. Читањето е бесплатно: гостинот го чита воведот, а за целиот текст му треба само регистрација. Без банери и реклами, за текстот да биде во фокус.
12 експерти аплицираа да пишуваат, а 11 од нив се одобрени. Од првиот објавен текст на 5 октомври 2026 досега се објавени 8 текстови од 4 автори, долги од 600 до 1.700 зборови. 24 читатели се регистрираа за да ги читаат.






Раскажете ми што Ви треба. Разговор од 30 минути, по телефон или видео, а одговарам во рок од 24 часа.